Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава се зголемени за 0.2 отсто, а во однос на јуни лани за 1,5 проценти.

Зголемување во однос на мај е забележано во групите Храна за 0.3 % и Ноќевања за 0.1 %,

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.8 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво, соопшти Државниот завод за статистика.