Последен пат на нивните сметки Скопски пазар А.Д. Скопје префрлило пари за плата во декември. Оттогаш не само платата, доцни и здравствентоот осигурување, а се сомневаат дека не им се уплаќаат и придонесите. Повеќе од 200 вработени во скопската компанија за менаџирање со пазарите во Скопје и по средбата со дел од управата, не добија одговор зошто доцнат надоместоците за сработените месеци.
Одговорот којшто вработените не го добија денеска од нивните претпоставени, сопствеништвото го испрати за Телма телевизија. Се бара решение, бидејќи оттаму потврдуваат дека плата нема добиено никој во компанијата.
„Со оглед на фактот што Скопски пазар имаше потешкотии со својата малопродажна мрежа и трпеше големи загуби, кон крајот на 2017 –та беше донесена одлука за затворање на малопродажната мрежа и издавање на просторот на закупци од истата бранша. Поради горенаведеното се јавија одредени доцнења со платите за кои со оваа наша редукција на торошоците очекуваме финансиската состојба и исплата на личните доходи за брзо време да се стабилизира“, велат од Скопски пазар
Скопски пазар се откажа од 10 нивни маркети низ Скопје. Ги затвори, а објектите ги издаде на фирма со иста дејност. Вработните чијшто борј се намали на едвај 300, на ракводството му дадоа рок до 1 април да го уплатат здравственотто осигурување, а до 15-ти истиот месец платите во целост.