Започнува летото, а со тоа и летните горештини. Време е на одмори а со тоа и време за планирање на семејниот буџет за одмор. Сите околни и посакувани дестинации кои се актуелни во нашата земја, не се воопшто евтини за македонските граѓани. Заради тоа, редакцијата на БанкоМетар.мк реши да спроведе анкета минатиот месец и да ги праша нашите читатели кој е буџетот за одмор кој македонскиот граѓанин планира и може да го одвои за својот годишен летен одмор.

Резултатите не се изненадувачки, само ја отсликуваат нашата реалност за жал, но се добар индикатор за многу други области, дејности и истражувања. Резултатите се како што следи:

На прашањето: Колкав е Вашиот буџет за летен одмор оваа година?

  1. До 500 ЕУР – одговориле 592 читатели или 45 % од гласачите
  2. Од 500 ЕУР до 1.000 ЕУР – одговориле 423 читатели или 32% од гласачите
  3. Над 1.000 ЕУР одговориле  – 312 читатели или 23% од гласачите

На анкетата гласаа над 1.050 лица што ја прави статистички сигнификантна.

Не би навлегувале во толкување на резултатите, од респект кон нашите читатели, но резултатите говорат сами за себе повеќе одколку што би можеле да дадеме некое мислење. Резултатите говорат сами за себе особено гласно – знаејќи ги цените во окружувањето во туристичките ресорти. Затоа, нашата економија МОРА да се придвижи напред и нашиот граѓанин МОРА да има во најскоро време пораст на животниот стандард, а со тоа и можност да одвои повеќе за својот доброзаслужен годишен одмор, кој мораме да признаеме на секого му е потребен.

 

 

Наум Димитровски