ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА СКОВИН АД СКОПЈЕ
ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ – ЈУНИ 2018 година
Во периодот од 01.01 до 30.06.2018 година СКОВИН АД Скопје ги оствари следните резултати:
Во 2018 година оперативните приходи изнесуваат 107.387 илјади денари и во однос на 2017 се со тренд на зголемување што значи дека пораснале за 14 индексни поени. Во првата половина на 2018 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени во однос на 2017 година за 51 индексен поен, но приходите од продажба на странски пазари се зголемени за 53 индексни поени.
Оперативните расходи во првата половина од 2018 година изнесуваат 56.531 илјада денари, во споредба со 2017 година кога изнесувале 67.171 илјади денари бележат намалување за 16 индексни поени. Во нив забележлив пад имаат трошоците за суровини и матерјали, кои изнесуваат 46 индексни поени во однос на минатата година, со тенденција на понатамошно намалување на расходите до оптимално ниво.
Оперативната загуба за период 01-06.2018 година изнесува 6,596 илјади денари, а истиот период во 2017 година изнесувала 21.258 илјади денари, што значи намалување на загубата од оперативно работење.
Нето загубата во првата половина од 2018 година изнесува 9.824 илјади денари и во однос на минатата година кога изнесувала 27.205 илјади денари има тенденција на забележливо намалување.