Мобилното банкарство на Шпаркасе Банка Македонија е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која може да ја инсталирате од кое било место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка Македонија.

 

Предности од користењето на S-Banking:

  • Брза и едноставна најава со внесување на кориснички PIN
  • Можност за плаќање со сликање на бар код од ф-ри за режиски трошоци
  • Плаќање преку паметен уред од дома, канцеларија или во движење и користење на апликацијата од повеќе уреди одеднаш
  • Заштеда на време, достапно 24 часа на ден независно од работното време на експозитурите и пониски трошоци за плаќање налози
  • Брзо и едноставно лично управување со средствата во кое било време и од кое било место

S-Banking ви ги нуди следниве можности:

  • увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити и штедни влогови, кредити и други производи во Банката
  • едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
  • можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута)
  • “Сликај и плати”, можност за плаќање со сликање на податоци од ф-ри за режиски трошоци
  • креирање на сопствени примероци за плаќања кои што најчесто ги реализирате
  • лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
  • курсна листа и калкулатор за кредити и за депозити

За да станете корисник на S-Banking треба да:

  1. го симнете  (Download) барањето за аплицирање за услугата мобилно банкарство
  2. Доставете го пополнето во која било експозитура на Шпаркасе
  3. Активирајте ја апликацијата и започнете со користење

За трошоци, надоместоци и други информации процитајте повеќе на следниов линк.