Министерот за економија на Словачка, Ричард Сулик изјави дека земјата нема да престане да увезува руски гас, додавајќи дека доколку е потребно, Братислава ќе плаќа и во рубљи, иако во се ја поддржува позицијата на Европската унија.
Ројтерс наведува дека Словачка се потпира на руски гас за 85% од вкупната побарувачка.
Европската комисија во петокот изјави дека компаниите од ЕУ, кои го плаќаат рускиот гас во евра или долари, нема да ги задоволат потребите на Москва, која експлицитно побара плаќање во рубљи.
„Не смее да се запре протокот на гас. Ако има услов да платиме во рубљи, ќе платиме во рубљи“, изјави Сулик за словачкиот јавен сервис RTVS.
Сепак, тој додаде дека Словачка ќе продолжи да работи заедно со ЕУ.
Словачка изјави дека нивната гасна компанија СПП ја платила мартовската сметка во евра, како што стои во договорот.
Сулик додаде дека Братислава има шест недели да најде решение пред да се наплати следната сметка на 20 мај.