Постапката за поднесување обврзувачки понуди за купување на Адриатик Словеника е во тек, а се шпекулриа дека Џенерали осигурање и ВИГ групацијата се меѓу заинтересираните. Според неофицијалните информации на словенечки Дело, Граве се повлекол од намерата за аквизација на словенечката компанија.

 

 

Вредноста на зделката се проценува дека ќе биде €150 милиони. Цената, па и самата продажба, во многу зависи од ставот на идната словенечка влада во врска со прашањето за дополнителното здраствено осигурување, кое претставува важен дел од работењето на Адриатик Словеник. Овој ризик може да влијае на висината на цената, но и на конечната одлука дали друштвото за осигурување ќе биде продадено.
Споерд неофицијални информации одлуката дали компанијата ќе премине во други раце се очекува да биде донесена до летото.