- Маја Јорданова склучила три договори во вредност од речиси седум милиони евра за набавка на адитиви за јаглен за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Во сите тендери поштенската службеничка била единствен понудувач, пишува ИРЛ.
- Oд Велес e и пред три години е вработена во АД Пошта. Паралелно со државната служба, 34 годишната велешанка води и бизнис. Сопственичка и управителка е на компанијата „Браинкоде“. Токму оваа фирма е избрана од државната АД ЕСМ да го револуционира процесот на производство на струја во термоелектраните РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.
- Ќе увезува адитив од Италија кој за прв пат ќе се користи во двата енергетски капацитети како замена за мазутот. Фирмата „Браинкоде“ нема ниту еден вработен, претходно тргувала со канцелариски материјали, а откако почнува да работи со хемиски производи лани склучила три договори со ЕСМ вредни речиси седум милиони евра како единствен понудавач.
- На нејзиниот Фејсбук профил, освен семејни фотографии, Јорданова често знае да сподели активности на СДСМ, фотографии и објави за поддршка на партијата.
- Од април 2023 година директор на АД ЕСМ е Васко Стефанов, кој го замени Васко Ковачевски. Стефанов е кадар на СДСМ, а во Електрани дојде откако претходно беше генерален директор на други големи акционерски друштва како „Водостопанство“ и „Пошта“.