Управата за јавни приходи ве известува дека веб апликацијaта МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 % од ДДВ и бришење на фискални сметки коишто се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски албански и англиски јазик.
Веб Апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк којшто е поставен на официјалната веб страната на УЈП https://mojddv.ujp.gov.mk/
Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/721