Како технологијата и онлајн продажбата го промени светот открива Алекс Харви, раководител на одделот за роботика и автономни системи во Ocado Technology.
Продажбата на храна и целата трговија на мало се промени значително во текот на последните 20 години. Бевме сведоци на доаѓањето на хипермаркетите, што во Велика Британија е познато како “смртта на главните улици”, бидејќи се помалку луѓе купуваат од нив во помалите градови и селата. Тоа, го изјави Алекс Харви, шеф на департмантот за роботика и автономни системи во Ocado Technology, во интервју за емисијата UpDate на Bloomberg.
“Со развојот на интернетот, на мобилните уреди и на тоа колку лесно е да нарачате онлајн, се случи значајна промена и настана трансферот на купувачите онлајн. Токму на тоа Ocado го изгради целиот свој бизнис”.
Ocado е создаден со единствена намера за револуција на пазарот на супермаркети и нивни пренос на интернет – алатка преку која се купуваат прехранбени производи. Ние го постигнавме тоа и сега продолжуваме да го трансформираме овој пазарен сегмент, пронаоѓаме и револуционизираме во овој пазар “, изјави Харви.
Тој, исто така, зборува за улогата на новите технологии во процесот.
“Технологијата е одличен начин да се подобри процесот. Идејата е да го направиме поефикасен, како што ќе можеме да им заштедиме пари на клиентите. Познато е дека цените на прехранбените производи во светот се зголемуваат, а технологијата може да помогне да се компензира овој ценовен ефект, правејќи го купувањето многу полесно, но и поефтино”.
Значи технологијата веќе го трансформира начинот на кој купуваме. Ние веќе можеме да го направиме тоа преку Alexa. Користиме машински самостојно учење, за да го прогнозира корисничкото однесување, за да може да има автоматско полнење на корисничките кошнички, објасни Харви.
Интернетот на работите ( IoT ) овозможува собирање детали за целиот процес, додаде тој.
“Сметаме на Big Data, интернет на нештата ( IoT ) , на роботиката, на вештачката интелигенција. Тоа е пресекот на сите главни работи кои Ocado Technology ги развива”.
Само во Велика Британија сме фокусирани на малопродажбата. Надвор од земјата, ние сме снабдувач на технологија, изјави Харви.
“Нашата основна дејност е да бидеме снабдувач на технологија”, додаде тој.