Сѐ започна како предлог идеја на Софија и Марио, двата извонредни фитнес тренери од Скопје уште пред почетокот на пролетта, како да се креира онлајн предизвик за луѓето да бидат фит до лето.
И ни се допадна идејата и се приклучивме со план, најдобрите да добијат SN VISA card со пари со кои ќе си го прослават личниот ПРЕДИЗВИК да бидат ФИТ.
Проектот успешно заврши, а се заокружи целиот ПРЕДИЗФИТ во фитнес предизвик на отворено 🦾 во Skopje City Mall како крај за овој проект, по кој ќе следуваат и други.
Натпреварот беше поделен во 3 категории – Bench, squat и држење на протеини на време.
Си поминавме супер!
Енергијата беше одлична, публиката учествуваше, бодреше и се забавуваше цели 3 часови ⭐️⭐️⭐️
Се забавувавме со профи хип хоп, јадевме протеински бомбици и кремови, дегустиравме суплементи, навивавме, се дружевме…се како што испланираа Софија & Марио.
Ние сме СН Финансии и се бавиме со бројки, па еве детали:
🔸Имаше вкупно 93 пријавени, во 3 категории
🔸Победникот во бенч направи 81 повторување (40 кг)
🔸Победникот во држење на протеини издржа 2 минути и 36 секунди
🔸Победничката во squats (30 кг) направи неверојатни 261 повторувања, а има само 15 години
Ви благодариме Софија & Марио на овој заеднички проект кој одлично помина.
Честитки на победниците, деновивe ги добиваат и своите SN VISA картички на лично име.