Педагошкиот Факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, распиша конкурс за доделување на таблети за студенти кои немаат можност да ја слушаат наставата електронски за академската 2020/2021 година. Целта е да се обезбедат услови за следење на “он-лајн“ настава на сите студенти, а таблети ќе се доделат за оние студенти кои имаат ниски примања во семејствата, a покажале добар успех и не се во можност да ја следат наставата електронски.
Право на учество на Kонкурсот имаат редовни студенти на Педагошкиот факултет – Битола чии семејства се со ниски примања (вкупните месечни примања на семејството на кандидатот се помали или не се поголеми од висината на минималната плата). Предност имаат студентите кои имаат постигнато висок успех и имаат активна улога во студентскиот живот.
На конкурсот не можат да се пријавуваат апсолвенти односно студенти во четврта година на студии.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА За пријавување потребни се следните документи:
Потврда за редовен студент на ПФБ во академската 2020/2021 За посебните критериуми кандидатите доставуваат:
Потврда за невработеност на родителите издадена од Агенцијата за вработување или Решение од надлежен суд за родител на кој му е одземено родителското право За починат родител – извод од матичната книга на умрените. За материјалните можности кандидатите доставуваат :
– образец од Управата за јавни приходи – земјоделска дејност, стопанска дејност, авторски права, издавање на простор и други приходи, за утврдување на месечната нето плата и годишните приходи (за секој член на семејството) ;
– потврда за остварена плата на вработените членови на семејството за месец aприл 2021 година или за последната исплатена плата;
– за корисници на социјална помош се доставува последното решение /потврда од центарот за социјални работи;
– за пензионирани членови на семејството се доставува документ за висината на пензијата
– пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход;
Документите треба да се достават електронски на [email protected] .
Конкурсот ќе трае до 06.06.2021г.