Државна стратегија и поголем поттик на фармерите за занимавање со живинарство, тоа според земјоделските здруженија е решение за сѐ поголемиот недостаток на јајца со кој се соочува Европа и регионот. Засега во земјава нема забележано недостаток, а цената со владините мерки е замрзната до 30 април. Сепак, големата побарувачка во странство може да предизвика зголемен извоз.

На пазарот во Струмица денеска е врвулица. Пазарен ден е, па малите фармери како Делчо од Добрејци ги носат своите производи. Тој 30 години одгледува јапонска препелица и кокошки – купувачите добро го познаваат и има редовни муштерии. Вели, добро се продаваат, но пласманот е проблематичен за да ја прошират дејноста и малиот семеен бизнис да стане голема живинарска фарма.

Поголемите живинарски фарми во земјава за Телма велат дека засега производството и снабдувањето на во државата е стабилно, но не можат да предвидат како ќе биде до Велигден, со оглед дека се зголемува побарувачката за извоз на јајца од Македонија.