Цената на барел нафта на лондонската берза падна под притисок на јакнењето на доларот.
На лондонската берза цената падна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,81 $. На американската берза се тргуваше за 33 центи пониска цена, од 56,82 $.
Вредноста на доларот се зголеми за 0,22 проценти во однос на кошницата на валути, со тоа цените на стоките изразени во долари, како што се нафтата, ги прави поскапи.
“Одржливоста на неодамнешното заживување на цените на нафтата бара посилна побарувачка и опиплива реакција на понудата. Внимателни сме во поглед на натамошниот раст на цените на краток рок” наведуваат аналитичарите на Barclays.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на својата веб-страница објави дека цената на барел нафта во нејзината кошница во петокот изнесувала 60,55 $, што значи дека има зголемување од 1,81 $ во однос на претходниот трговски ден.