Дваесет и шест локални и регионални инфраструктурни проекти за развој на планските региони ќе се реализираат годинава со финансии во износ од 321.580.000 денари.

Одлуката за доделување средства за финансирање проекти за развој на планските региони во 2020 година ја донесе Владата на вчерашната седница.

– За оваа година се предлага да бидат финансирани 26 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 321.580.000 денари, главно локални и регионални инфраструктурни проекти, информира владината прес-служба.