Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на Втората меѓувладина седница на Владите на Северна Македонија и Албанија со неговите колеги Белинда Балуку, министер за инфраструктура и енергетика на Албанија и Едона Биљаљи, државен министер за заштита на претприемништво на Албанија потпиша два Меморандуми за соработка.

Меморандум за соработка во енергетиката и Меморандум за соработка за развојот на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија и стартапи.

Земајќи ги предвид поволните услови на двете земји за проширување на енергетската соработка како и важноста и бенефициите од билатералната соработка во енергетскиот сектор и енергетските ресурси заради взаемна корист и во согласност со принципите на легислативата на ЕУ и Договорот за основање на Енергетска Заедница со Меморандумот за соработка во енергетиката е предвидено да се интензивира билатералната соработка во енергетскиот сектор согласно национални политики и стратегии на Северна Македонија и Албанија.

Целта на Меморандумот за соработка во енергетиката е да создаде рамка за соработка меѓу двете страни за подготовка и реализација на заеднички енергетски проекти, главно кои се однесуваат на инфраструктурата за природен гас и ТНГ терминалот во Валона, како и обновливите енергии.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот

Исто така, преку него ќе се реафирмира волјата и подготвеноста на страните за долгорочно планирање на инфраструктурата и координиран развој на поврзаноста Албанија – Северна Македонија, со фокус на подобрување на енергетската безбедност во регионот на Западен Балкан и сигурно снабдување со енергија.