По одобрувањето на Програма за eнергетска ефикасност во јавни згради од Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund) во октомври 2022 година, Француската rазвојна aгенција и Германското друштво за меѓународна соработка започнuваат со имплементацијата преку првична идентификација и подготовка на проекти. Во актуелната фаза, предвидени се 5 милиони евра како грант средства за техничка поддршка и пристап до 1,3 милијарди евра поволни кредити од проектот во кој имаат пристап и други 10 земји кои се вклучени во проектот.
Предвидени се и дискусии со други меѓународни финансиски институции, како Светска банка, со чија помош се формира Националниот фонд за енергетска ефикасност, а активност, која исто така е помогната и од Зелениот климатски фонд.
Адаптацијата и отпорноста на инфраструктурата кон климатските влијанија се еден од најголемите предизвици во справувањето со климатските промени. Зградите се одговорни за речиси 40% од емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата и се очекува употребата на енергија за ладење на просторот да се удвои до 2040 година. Земјите итно треба да ги намалат емисиите што ја менуваат климата и да се прилагодат на зголемените температури и другите климатски влијанија. Владата ќе продолжи со напорите за постигнување на целите за енергетска ефикасност, овозможување на мерки и активности за заштеда на електрична енергија, а со тоа и справување со влијанијата од глобалната енергетска криза.