УНИ банка како по традиција и годинава изработи заеднички проект со книжарниците Тримакс, Штедлер, Литература и Топер. Без разлика каков ќе биде почетокот на школската година, банката овозможи 10% попуст при купување во книжарниците за корисниците на платежните картички од двата бренда – мастеркард и виса.

Со оваа кампања УНИ банка им овозможува на  родителите помали трошоци во пазарувањето на школските прибори и учебници, а љубителите на книгата сега имаат можност да уживаат во изборот на својата омилена колекција.
Промотивниот период важи до 31 октомври.