Границата за пензионирање на граѓаните во регионот, но и во развиените европски економии е доста строга. Нови закони за пензионирање, веќе усвоија Хрватска, Полска и Црна Гора. Станува збор за правила што во нивните системи ќе се применуваат во текот на следните десет години. Практично, најстарите граѓани во овие земји ќе се пензионираат на возраст на 65 и 67 години за мажи, а границата ќе се поместува секоја година. Според тоа, хрватската влада со закон утврдила дека до 2030 година, за жените, возрасната граница ќе се постави на 65 години, додека за мажите се планира до 2038 година да се постави на 67 години.

Во меѓувреме Велика Британија и Финска ќе ја зголемат границата на 68 години. Во САД, Австралија и Норвешка, пензионирањето е веќе на 67, а во Австрија и Канада на 65 години.

Во Германија, исто така, е донесен нов закон, со кој се предвидува постепено зголемување на возраста за пензионирање. И мажите и жените се пензионираат на 65 години и 7 месеци. Планот е да ја премести оваа граница до 2029 година на 67 години.

Во Италија, во моментов старосната граница за пензионирање кај мажите изнесува 66 години и 3 месеци, додека за жените 63 години и 9 месеци. До 2021 година, се планира да се подигне лимитот на 67 за двата пола.

Од друга страна, во Украина каде што просечните пензии се минимални и изнесуваат помалку од 100 евра, мажите се пензионираат на 60 години и шест месеци, а жените од 58-годишна возраст. До 2021 година, границата постепено ќе се движи и во оваа земја – жените ќе можат да се пензионираат до 60 години, а мажите до1 62-годишна возраст.