Хрватската компанија „Кариќ автомобили“ овозможи при набавка на автомобили да се плаќа со криптовалути, како што се Биткоин, Етериум и ГоКрипто токен, пренесува bug.hr.
Клиентите за да плаќаат со криптовалути, треба едноставно да го скенираат QR-кодот од екранот на благајната од нивниот (поддржан) крипто паричник. Притоа тие имаат флексибилност да изберат со која од овие криптовалути сакаат да платат, а трговецот секогаш на својот екран ќе ја прикаже цената со куни.
Административните такси за трговците при примање на криптовалути со овој систем се пониски отколку во случај на плаќања со дебитни или кредитни картички, и тие се единствената цена на трговецот. ГоКрипто е бесплатен и нема месечна претплата за користење на тој систем, наведува bug.hr.