Нема крај на нашата шизофренија. Улогите се измешани, концептите исто така. Штабските пацови мастерпланот го имале конципирано само до фазата на ухлебување во државната фотеља, од тој момент натаму, немаме план што и како треба да работиме. Типичен nigga on the cotton field run план.
Во секоја нормална држава, не е нормално министер за финансии да организира наградни игри.
Како што не е нормално министрите да не го зборуваат официјалниот јазик на државата или да не се појавуваат по конференции ако соседна држава не е поканета…
Не е нормално и народот да ќути за овие феномени… Но ето, кај нас нормално е…
Еден од поголемите парадокси во последно време е и големата фама која се крена од гломазното дувло познато како министерство за финансии и погломазната штабска администрација вгнездена таму. Организирале наградна игра. Да не знаеш дали е државна лотарија или е министерство за финансии. Организираат наградни игри. Дајте му на народот леб и игри… Старата добра римска… Додуша тука имаме македонска модификација: леб нека најдат сами ние ќе им организираме игри… а плата упорно ќе земаме во меѓупериодите. Но да видиме и да ја разглобиме оваа шизофренија:
Прво, зошто МФ треба да организира наградна игра? За да стимулира луѓето да скенираат сметки…
Зошто луѓето скенираат сметки ? Бидејќи нема фискална дисциплина на целата територија на земјата… Особено во западниот дел на земјата населен со етнички албанци.
Како во тој дел од земјата ќе скенираат фискални сметки кога тие воопшто не се издаваат? Дали сте размислиле на ова….
Второ, зошто сметате дека во регионите каде нема фискална дисциплина некој ќе скенира сметки за поврат на ДДВ кои воопшто не се издаваат, а истиот поврат е 30 евра на 3 месеци?
Трето… што потреба имаме од вакви финти? Што работат инспекторите на терен? Зошто не одат и не ги затворат бизнисите кои не плаќаат данок? Не можат? Нека не земаат плата… Зошто земаат плата овие луѓе ако не ја извршуваат својата работа? Просто и едноставно…. не ми објаснувајте глупости од типот „не разбираш, комплицирано е , мора така да биде, договорено е“… Ако е вработен за да наплаќа харач ( данок ) мора да го прави тоа … плејн енд симпл.. без изговори… Не може да наплаќа даноци, нека си оди дома…
Не е ваша работа да организирате игри за да се наплаќа данок… плата земате за тие задачи дебили…
Е, сега ако си ја бркаат сите работата, наместо да бркаат штабски донамби, овие париве од фондов за награди можеме да ги пренасочиме… пример за 200,000 евра ако е толку буџетот за награди и глупости, државата може да изгради 10 скромни единици за станбено згрижување на 10 семејства кои мрзнат по студов во антикава. И онака со некој сумљив „алгоритам“ ќе бидат распределени овие пари од наградите по „мојег до мојега“.
Значи, министерот за финансии не организира наградни игри.. наплатата ја води УЈП и тоа е нивни проблем, нека си најдат решение.. Оваа шизофренија ја започна чоколадниот министер за финансии и премина во традиција.. Невероватно…
Не се гради фискална дисиплина со наградна игра госпожа… Но од каде би знаела? На некои луѓе целиот живот им е игра… Ископирале, се испикале, па на ист начин ќе ги водат и другите работи кои име се дадени. Ќе скенираат оние каде им се издава фискална, нема да скенираат оние каде не им се издала фискална… просто и едноставно… а наградите ќе се делат на „иновативен и креативен“ начин, и ништо не ќе се менува во жабокречинава…. бидејќи никој не го работи она за кое што е платен…
Наум Димитровски