Комерцијална Банка АД Скопје во декември 2018 година инсталираше сопствен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија на површина од 130 м2, лоциран на покривот на деловниот објект на Банката во центарот на Скопје. Една година подоцна, со гордост ги објавуваме резултатите од работењето на фотоволтаичниот систем:

-Произведена електрична енергија за период од 12 месеци: 33 MWh.

-Заштеда на CO2: 18,7 тони (толку СО2 би се испуштило во атмосферата доколку оваа количина на електрична енергија би се произвела во термоцентрала, не сметајќи го дополнителното загадување од ПМ честици, сулфур-диоксид и чад)

-Оваа заштеда на COе еквивалентна на засадување на 480 дрва, кои ја апсорбираат наведената количина COод атмосферата.

-Со досега произведената сопствена електрична енергија би можеле да се извозат 125.000 километри со електричен автомобил.

Во досегашното работење на фотоволтаичниот систем не е забележан ниту еден проблем и немаше ниту една сервисна интервенција. Системот продолжува да работи во функција на намалување на загадувањето и во рамките на напорите за општествена одговорност на Банката.