Централна кооперативна банка на своите клиенти им нуди можност по пат на СМС порака да добиваат известување за секоја единечна трансакција со платежните картички на ЦКБ, веднаш по нејзиното процесирање.

Предности:

  • Потврда за извршена трансакција;
  • Проверка на износот на извршената трансакција;
  • Известувања во врска со Вашата картичка;
  • Заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
  • Заштита од злоупотреба на картичката.

За услугата СМС известување можете да аплицирате во која било експозитура на Централна кооперативна банка.

Напомена: Месечниот надомест за користење на услугата СМС известување изнесува 50 МКД.