Сојузот на синдикати на Македонија поднесе предлог до Собранието да се намалат платите на функционерите. Од синдикатот предлагаат порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи и без дискриминација.
„Скоро сите вработени во јавниот сектор како основа ја имаат минималната плата, а не просечната. Просечната плата ја имаат само функционерите. Она што го бараме и што го договоривме во општиот колективен договор е да таа просечна плата како пресметковна основа да почне да важи од март 2025 година, а сега бараме до истиот период и за функционерите да важи минималната плата. А кога пресметковната вредност како просечна плата ќе важи за работниците да важи и за функционерите. Енормно е зголемувањето од 78 проценти и бурно реагиравме веднаш што се донесе“, изјави Трпе Деновски, претседател на синдикатот на УПОЗ.