Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со име и презиме ги објави пратениците кои гласале „за“ и „против“ зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.

-Работниците во јавниот сектор мора да знаат дека за амандманот за зголемување на нивната плата гласаа: Бојан Стојаноски, Тони Јаревски, Зоранчо Јованчев, Жаклина Пешевска, Дафина Стојаноска и Рашела Мизрахи.

Против работниците, против зголемување на нивната плата, против амандманот на ССМ гласаа: Лолита Ристова, Марија Кочовска, Панчо Минов, Марија Георгиевска, Драгица Ѓавочанова, Жаклина Лазаревска и Бајрам Кадрија. Истовремено еден од пратениците Исмаил Јахоски не гласаше никако, соопштија од ССМ.