Надлежната собраниска комисија итно да се состане за да се донесат законските измени, и за да може да исплатат субвенциите за тутунот“ бараат од сојузот на земјоделските здруженија. Во ек е расадувањето на новата реколта, а надоместок од ланската сè уште нема…
Собраниската комисија итно да ги донесе законските измени, што е техничка досегашна практика, за да може да се исплатат субвенциите за тутунот, бараат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Новата реколта е во полн ек, а тутунарите сè уште ги немаат парите.
Премиерот Ковачевски неодамна увери дека пари за субвенции има, единствен проблем се недонесените предлог законски измени што ги бара Министерството за земјоделство. Преку 25,000 семејства во земјава кои живеат од тутунопроизводството, половината од Пелагонискиот регион, ги чекаат субвенциите за ланскиот род од близу 19 000 тони. Во ек е расадувањето на годинашнава реколта и иако договорите се склучени, тутунарите остануваат на барањето за повисоки цени.
Годинава се сади на преку 13,000 хектари со очекуван род од речиси 25.400 тони тутун. Со откупувачите се склучени 29.000,