Измените и дополнувањата на Законот за пасишта влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог за измени и дополнувања на законот за пасиштата.
Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата.
– Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот на разгледување на овие измени и дополнувања и да ги остават своите коментари за подобрување на содржината на овој пропис – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.