Француската банка Societe Generale (SocGen) се согласи да ја продаде компанијата PEMA која се занимава со изнајмување на камиони и приколки и инвестициската инфраструктурна единица Skuared Capital, бидејќи банката води план за реструктуирање – насочен кон продажба на материјални како и нематеријални средства.

SocGen во петокот објави дека ги продава PEMA Unit и Skuared Capital TIP Trailer Services.

ПЕМА работи со флота од околу 19.000 возила во седум земји во Европа.

SocGen рече дека продажбата ќе има позитивно влијание врз основниот капитал во сооднос од околу 2 базични поени, но исто така ќе има негативно влијание од 43 милиони евра (47,9 милиони долари) во резултатите во вториот квартал.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк