Француската банка „Societe Generale“ го удвои профитот во четвртиот квартал благодарение на закрепнувањето на банкарството на мало и силното тргување со акции. Плаќањата на акционерите на горниот крај од очекуваниот опсег ги поддржаа акциите на заемодавачот.
Извршниот директор на „SocGen“, Славомир Крупа досега се мачеше да ги убеди инвеститорите во неговиот план за промени. Сепак, неговиот фокус на контролата на трошоците, продажбата на средства и подобрувањето на маржата почнува да се исплатува, што доведува до постигнување на својата клучна цел за профитабилност во 2026-та година.
„Пораката е едноставна. Имаме јасен план, имаме прецизни цели, извршуваме, постигнуваме и ќе постигнеме уште повеќе“, им рече Крупа на аналитичарите.
Акциите на „SocGen“ се зголемија за 9,1% наутро, што е нивно највисоко ниво од февруари 2022-ра година, откако компанијата објави квартална нето добивка од 1,04 милијарди евра, надминувајќи ја просечната проценка од 18 аналитичари изготвена од банката, во износ од 814 милиони евра.
Вкупните приходи се зголемени за 11,1% на 6,62 милијарди евра, што е малку над просечната проценка од 6,41 милијарди евра, соопшти банката.
Во исто време, приходите на „SocGen“ од инвестициското банкарство, кои сочинуваат речиси две третини од приходите на групацијата, се зголемуваат, иако растот од 12% на годишно ниво е помал од оној на францускиот конкурент „BNP Paribas“ и другите банки.
Соодносот на трошоците и заработката на „SocGen“, мерило за ефикасност, исто така ги надмина очекувањата, иако е сè уште повисок од оној на конкурентите.
Банката исто така соопшти дека ја надминала целта за стекнување клиенти за „BoursoBank“ – водечката онлајн банка во Франција.
Банката доби поддршка и од продажба на дел од долгот во износ од 13 милијарди доларот со кој го поддржа стекнувањето на „Twitter“ (сега X) од страна на Илон Маск во 2022-ра година, веројатно со профит.
Профитабилноста се подобрува, но сепак значително заостанува зад конкурентите. Од „SocGen“ велат дека повратот на капиталот ќе достигне 6,9% во 2024-та година во споредба со 4,2% во 2023-та година. Годинава има за цел да постигне над 8%.