Веста доаѓа во време кога Uber Technologies се соочува со проблеми
Јапонскиот SoftBank рече дека очекува да генерира околу 1,2 трилиони јени (11,12 милијарди долари) пред оданочување од продажбата на својот удел во кинеската групација “Алибаба груп”, објави Ројтерс.
Продажбата датира од 2016 година, кога SoftBank продаде дел од својот удел во Alibaba преку деривати за финансирање на купувањето на британскиот ARM чип дизајнер.
SoftBank поседува 26% од акциите во Alibaba, која вреди 101 милијарда долари. Јапонската инвестициска фирма соопшти дека ќе пријави профит во фискалниот квартал кој ќе заврши во јуни.
Основачот и извршен директор на SoftBank, Massayoshi Sin купи акции во Alibaba во 2000 година за околу 20 милиони долари. Трансформацијата на кинескиот старт-ап во една од најголемите компании за електронска трговија во светот помогна Син да добие огромен профит и добро име во светот на технологијата.
Веста доаѓа во време кога најголемите технолошки залог на Massayoshi Sin , Uber Technologies, претрпе лоши резултати по неговото деби минатиот месец.
SoftBank објави профит од 418 милиони јени од својот удел во Убер во фискалниот квартал, кој заврши во март, непосредно пред ИПО. Во понеделникот, акциите на “Убер” го завршија денот со пад од 9% во цената, под основната понуда од 41 долари.
Sin ја споменува вредноста на уделот во Alibaba, за да ги оспори тврдењата дека акциите на SoftBank Group се потценети. По завршувањето на кампањата за откуп на акции за 600 милијарди долари и разочарувачките резултати на Uber извршија корекција т.е. отпишување на 23% од цената на акциите на SoftBank Group од врвот на цената која ја достигнаа во април.
Денес цената на акциите на SoftBank го заврши берзанскиот ден со 3% пад, пред вестите за продажба на уделот во Alibaba. Така, пазарната капитализација на конгломератот достигна 10,2 трилиони јени.