Поради интересот на медиумите и на јавноста за активностите по изјавата на Државниот јавен обвинител Јовески од 03.01.2022 година и неговото барање „Народната банка да испита дали со оваа согласност (државата да има прв приоритет над понудениот имот од лицето Сашо Мијалков, н.з.) некој излегол вон рамките на своите службени овластувања или, пак, се доведени во прашање интересите на другите комитенти на Банката“, уште еднаш повторуваме дека Комерцијална банка гарантира дека нејзините одлуки се донесени во согласност со интерните процедури, надлежности и законските прописи. Исто така, ве известуваме дека Комерцијална банка до Народната банка на Република Северна Македонија на 04.01.2022, 17.01.2022 и на 28.01.2022 година ја достави целокупната барана документација.
Комерцијална банка до денеска нема добиено известување, укажување или извештај од Народната банка дека е утврдена каква било неусогласеност, ниту пак дека е изречена каква било мерка за Комерцијална банка.