Швајцарската компанија „Солвеј инвестмент груп“, чиј основач е руско-естонскиот бизнисмен Александар Бронштајн, а во земјава го поседува рудникот „Бучим“ кај Радовиш, е дел од меѓународен скандал за перење пари тежок близу две милијарди долари,“.
Приказната ја открија репортерите на меѓународната истражувачка мрежа ОЦЦРП, кои веќе две недели објавуваат детали од скандалот, наречен „Рударски тајни“. Според извештаите, „Солвеј“ и 23 компании поврзани со групацијата, во периодот меѓу 2007 и 2015 година направиле стотици сомнителни трансакции заведени како заеми, во вредност од 1,9 милијарди долари.