Билионерот и инвеститор Џорџ Сорос, кој што неодамна изјави дека технолошките гиганти Фејсбук и Гугл се закана по јавното човеково здравје, наводно истражува нови начини како да ги нападне овие гиганти и намали нивната растечка моќ.
Портпаролот на фондацијата “Отворено општество” која е финансирана од Сорос и има огромно влијание и моќ ширум светот, изјави дека веќе подолго време тие работат на темите од типот на слободен и демократски проток на информации во светот. Според Сорос, Фејсбук и Гугл станаа пречки кон патот на иновацијата и се закана кон општеството. Тој ги обвини Веб-гигантите за измама на своите корисници, преку вешта манипулација со нивното внимание и намерно креирање на зависност. Според билионерот, компаниите кои веќе подолго време работат во монополска состојба на онлајн пазарот, имаат акумулирано огромна моќ и е малку веројатно дека ќе го променат својот начин на работа. Затоа тој вели, тие морат да бидат скршени, пред да се соочиме со уште поголеми последици.