Италијанското Министерство за финансии ги избра Банката на Америка и Орик за финансиски и правни советници за приватизација на спасената банка Монте деи Паски (МПС), изјавија за Ројтерс четири извори блиски до ова прашање.
Државата во моментов поседува 68 проценти од уделот во овој кредитор по спасувачката програма во 2017 година. Мора да го намали својот удел најдоцна до средината на 2022 година.
Иако синдикатите и јавноста се против приватизацијата, Министерството за финансии сака да ги тестира интересите на инвеститорите.
УниКредит се споменува како најверојатен купувач на оваа банка, иако извршниот директор на оваа банка, Жан-Пјер Мустиер, во повеќе наврати негираше интерес за аквизиции.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк