Во последно време со многу брзо темно се зголемува економскиот импулс во еврозоната,сето тоа доведе и да се отворат нови работни места-објави “Блумберг”
Според „IHS Markit“ PMI“ порасна за 58,8 поени во јануари од 58,1 во декември.Ова ја надминува претходната прогноза за раст на 58,6, а промената главно се должи на подобриот од очекуваниот перформанс на услужниот сектор на чело со Германија.
Порастот е поддржан и се должи на порастот на светската трговија, постојано намалувањето на невработеноста и екстремно ниските трошоци за заеми, поради рекордно ниските каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ).
Според „IHS Markit“, брзото темпо на создавање нови работни места најверојатно ќе помогне да се зголеми развојот кој е помалку зависен од монетарната поддршка.
Податоците на „Еуростат“ покажуваат дека економскиот раст на еврозоната се забрзува на 0,6% во четвртиот квартал од минатата година. Лондонскиот „IHS Markit“ вели дека податоците веројатно ќе се надградат на 0,8%, во согласност со трендот за ревидирање на статистиката на бруто-домашниот производ.
„ЕЦБ“ во моментов размислува кога да продолжи со вонредни стимулативни мерки кои вклучуваат негативни каматни стапки и програма за купување обврзници.