Во соработка со „Јавна соба“, Шпаркасе Банка Македонија креираше простор што е модерно дизајниран и технички опремен, за да му понуди на „младиот“ бизнис-сектор релаксиран амбиент што ќе ја поттикне креативноста и ќе внесе свежина во начинот на работа. Sparkasse Room ќе се користи и за организирање едукативни работилници, кои ќе бидат наменети и за различни целни групи: млади студенти и средношколци, сегашни и идни претприемачи кои имаат потреба од финансиски средства, како и домаќинства што сакаат да ја унапредат енергетската ефикасност во своите домови.
Шпаркасе Банка постојано наоѓа нови начини за поддршка на модерните и иновативни бизнис-трендови, а со тоа уште еднаш потврдува дека е банка што верува во своите клиенти и во нивните идеи. Потврда за посветената поддршка кон младите е и признанието Stubrand за 2018 година, со кое студентите ја прогласија Шпаркасе Банка за најомилена банка.
„Верувај во себе“ е новото мото преку кое Банката дава силна порака во јавноста дека верува во успешните и иновативни идеи што таа ги препознава и ги поддржува.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.