Денеска на сите вработени во МВР им беше исплатена за 10% зголемена плата, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Денеска на сите вработени во #МВР им беше исплатена за 10% зголемена плата.
Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5%, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 ден, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10%, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10% зголемена плата.
Дополнително, во 2019, за првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција „полицаец“, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.
Покрај ова, во 2020 година постигнавме зголемување на основна компонента на плата во висина од 20% и 30 %, во зависност од сложеноста на работа, за вработените во Одделот за информатика и телекомуникации, а во 2022, заради усогласување со Законот за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени добија покачување со платата за месец март и тоа за сите работни места, а истовремено ги зголемивме платите на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во ИПА Одделението, со што се спречи одлив на вработени од овие организациски единици.
Исто така, започнувајќи од 2020 година, реализиравме исплата на 6 бонус плати за вработените во МВР и тоа:
– за 2017 на 1.819 вработени во износ од 46.340.844 ден.;
– за 2018 на 1.916 вработени во износ од 51.680.268 ден.;
– за 2019 на 5.013 вработени во износ од 139.617.063 ден.;
– за 2020 на 4.508 вработени во износ од 136.150.616 ден.;
– за 2021 на 5.922 вработени во износ од 188.965.098 ден.;
– за 2022 на 5.791 вработен во износ од 204.995.609 ден.
[▶️] 5 покачувања на плата за сите вработени во МВР [✅]
[▶️] 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места [✅]
[▶️] 6 исплатени бонус плати [✅]
[▶️] МВР и МПС со ДИЈАЛОГ до РЕШЕНИЈА! [✅]