Европскиот монетарен фонд, планиран како замена за спасувачкиот фонд на еврозоната, би требало да биде под контрола на земјите членки и независен од Европската комисија.
Тоа го изјави директорот на Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) Клаус Реглинг.
Европската комисија, сепак сака, ЕСМ да стане институционален орган на ЕУ под надзор на Европскиот парламент, пренесува агенцијата Ројтерс.
„Би било добро ЕСМ да биде вклучен во Договорот за ЕУ (Договорот од Мастрихт). Меѓутоа, патот кој го предложи Комисијата е дискутабилен. Би сакал ЕСМ да има слична улога како и Европската инвестициска банка“, изјави Реглинг.
ЕК минатата година го претстави пакетот мерки за подлабока економска интеграција на 19 земји членки на еврозоната, во настојување тој блок да го направи поотпорен на можната криза.
Меѓу тие мерки е и трансформацијата на ЕСМ во Европски монетарен фонд.
Во моментот, главната задача на ЕСМ е да им позајмува пари на владите кои се исклучени од меѓународниот пазар, во замена за спроведувањето на реформи кои нивната економија ќе ја вратат на вистинскиот пат