Кружната метална скулптура во форма на симболот за биткоин со буквата „B“ тешка три тони и дијаметар од 7 метри беше поставена на кружен тек во Крањ.

 

„Ги прашавме граѓаните на нашата страница на Фејсбук да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и ова беше еден од првите предлози што ги добивме… Во Крањ има многу компании што се занимаваат со висока технологија“, рече градоначалникот Бостјан Трилар.

 

Изградбата на споменикот ја платија две локални компании што ја користат оваа криптовалута.