Продолжениот пораст на најниската плата во Албанија не успеа да ја помести државата од последното место во Европа, посебно кога се работи за платежната моќ.

Евростат ги објави првите информации за најниските плати во Европа за 2025 година, кои покажуваат дека во Албанија минималната плата достигна 405 евра.

Според албанските медиуми, таа во втората половина на 2023 година, изнесувала 376 евра. Тие наведуваат дека минималната плата во Албанија останува пониска од Србија која изнесува 619 евра и Црна Гора која изнесува 670 евра.

И покрај зголемувањето, платата во Албанија вреди помалку, поради високите животни трошоци. Врз основа на куповната моќ, минималната плата била најниска во Европа на почетокот на 2025 година.