Spotify сега има над 100 милиони претплатници на својот сервис. Бројот на премиум корисници порасна за 32% во првите три месеци од 2019 година, во споредба со претходната година, додека приходите се зголемија на 1,3 милијарди евра, наспроти 1 милијарда евра претходната година. Шведската компанија ја припишува “важната пресвртница” – што го става многу понапред од конкурентот Apple Music и нивните 50 милиони претплатници – на силниот раст на бројот на претплатници во Северна Америка. Сепак, Spotify сè уште губи пари, објавувајќи загуба од 142 милиони евра во првиот квартал, во споредба со 169 милиони евра минатата година.