Србија должи повеќе од 36 милијарди евра – вака беше јавниот долг на крајот на март годинава, кога беше објавен последниот извештај. За различни проекти се подигнати кредити до 920 милиони евра, а тој е земен од Обединетите Арапски Емирати. И како сумите да не се доволно големи, се плаќа и огромна камата на нив.
Србија должи нешто повеќе од 36 милијарди евра, што значи дека нашиот јавен долг е 47,7 отсто од бруто домашниот производ, а според експертите земјата е меѓу оние со средна задолженост, анализира Н1.
Иако ова треба да биде добра работа, факт е дека актуелната влада троши пари целосно нерационално, па затоа списокот на намени за кои се задолжува е предолг. А за дел од овие кредити се плаќаат и пенали, бидејќи средствата не се подигнати.
Дражавата се задолжува и кај домашните банки, а официјалните податоци покажуваат дека списокот на кредити од Србија е многу пократок отколку кога позајмува пари од странски банки.