Србија се најде на првото место во светот во однос на директните странски инвестиции, според „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Според најновата ранг-листа за 2019 година објавена од специјалистичката услуга на ФТ, Србија е на врвот на рангирањето со индекс од 11,92 поени, што е за 1,33 индексни поени повисоко од минатата година.

Според овие податоци, Србија привлече 107 проекти за странски директни инвестиции  (СДИ ) во 2018 година, или 26 повеќе отколку во 2017 година, што претставува зголемување за скоро една третина.

„Србија со рејтинг од 11,92 привлекува скоро 12 пати повеќе странски директни инвестиции од гринфилд карактер отколку што може да се очекува од економија со таа големина“, пренесува Танјуг.

Србија од Мозамбик ја превзеде лидерската позиција во однос на индексната вредност и се искачи на едно место во однос на претходната година.

На второто место, зад Србија, е Црна Гора со индекс од 11,49 поени.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк