Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија на меѓународниот финансиски пазар вчера продала еврообврзници во износ од една милијарда евра со годишна каматна стапка од 1,65%.
“Ова е одличен успех што би можел само да сe сонува, и која дава сигнал до инвеститорите дека Србија е стабилна земја”, рече Вучиќ на телевизија Пинк.
Тој рече дека Србија претходно земала долгорочни кредити од странските пазари, со годишна каматна стапка од 7,5%, и дека парите од продажбата ќе бидат искористени за старите, неповолни кредити да се заменат со нови.
На овој начин, државната каса, како што објасни тој, ќе заштеди 80 милиони евра во рок од десет години.
Забележувајќи го како поволно задолжувањето со продажба на еврообврзници Вучиќ изјави дека е среќен кога Србија со помош на кинескиот народ на нивната земја добива кредити со годишна каматна стапка од 2,2%.
“Ова значи дека ние сега имаме сосема предвидливи економија, а ќе има и повеќе инвеститори во Србија”, рече Вучиќ, додавајќи дека странските директни инвестиции во првите месеци се 1,6 милијарди евра, што е за 17% повеќе од истиот период минатата година .