Последен пат Србија го тестираше пазарот со динарска обврзница во февруари минатата година – кога ги продаде последните обврзници од вкупно 150 милијарди динари. На таа февруарска емисија беше постигната стапка на добивка од 6,12 отсто, додека денеска државата ќе понуди емисија со вкупна вредност од 120 милијарди динари со купонска стапка од 5,25 отсто и рок на достасување од 10,5 години, пишува Каматица.

Експертите очекуваат дека инвеститорите ќе покажат голем интерес и дека хартиите од вредност ќе бидат распродадени, но предупредуваат и да не заборавиме дека секоја емисија значи и зголемување на јавниот долг.

„Верувам дека големите инвеститори – на кои во суштина им е наменета денешната емисија – нема да ја пропуштат можноста да ги купат овие обврзници“, вели Зоран Грубишиќ, декан на белградската банкарска академија.

Според него, светскиот тренд на намалување на каматите „игра“ во корист на купувачите на овие државни обврзници.