Србија и САД потпишаа два договори со кои се обезбедува дополнителна помош од 22 милиони американски долари за зголемување на конкурентноста на економијата и владеењето на правото во Србија, подобрување на медиумското опкружување и борба против корупцијата.
По потпишувањето на договорите во Белград со американскиот амбасадор Кајл Скат, српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, изјави дека од 2001 година САД и доделиле на Србија околу една милијарда долари неповратна помош за подобрување на различни области на животот.