Србија е втора година по ред светски лидер по бројот на отворени работни места преку проектите на странските директни инвестиции споредено со бројот на жители, објавува IBM Global Locations Trend 2018 во најновиот извештај, а пренесува Biznos Info.

Исто така, по критериумот за бројот на креирани нови работни места преку странски директни инвестиции чијашто реализацијата започнала во 2017 година, Србија го зазема високото 6-то место помеѓу европските земји, а е 15-та на светско ниво, се наведува во истиот извештај.

Производствените активности генерираат околу 80% од вкупно креираните нови работни места во Србија и тоа најмногу во текстилната, автомобилската, хемиската и електро-индустријата.

Освен тоа, забележително е дека целиот регион на Западен Балкан бележи значителен интерес на странските инвеститори.

Генералниот тренд во целиот свет кога станува збор за странските директни инвестиции е зголемување на бројот на проекти за 10%, најмногу благодарение на сè  поголемото учество на помалите проекти.

Од друга страна, вкупната инвестициона активност забележана преку бројот на нови работни места опаднала за 5%, со тоа што во Европа и Северна Америка е забележана стагнација, во Африка има раст од 10 %, а во Азија, Латинска Америка и Средниот Исток бележи пад 10-20%.

IBM Global Business Services веќе неколку години по ред ги анализира активностите во областа на инвестициите во целиот свет, како и поединечно по земји ставајќи фокус на критериумот – бројот на нови работни места.

 

 

 

 

Линк: https://bi.mk/srbija-lider-vo-otvaranje-na-novi-rabotni-mesta-preku-stranski-direktni-investicii/