Северниот сосед можно е дел од државните резерви да ги чува во јуани. Народна банка на Србија (НБС) потврди дека ја разгледувала опцијата дел од државните резерви да ги чува во кинеската валута. Конечна одлука не е донесена.

Ова како можност претходно го најави и српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Размислуваат за оваа можност поради високото ниво на девизни резерви, но и фактот што јуанот е вклучен во валутната структура на надворешниот долг на Србија, како и интернационализацијата на јуанот и неговото растечко значење во глобалните плаќања и на меѓународниот финансиски пазар, изјавија од НБС за порталот N1.