Од страна на Блумберг, динарот е прогласен за втора најсилна валута за оваа година. Ова го изјавила гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ, додавајќи дека стабилниот динар, курс и стабилната инфлација остануваат цели и во 2019 година, пишува српска „Политика„.
Табаковиќ за РТС истакнала дека оваа година Србија ќе ја заврши со повеќе од три милијарди евра нето странски инвестиции.
-Па, нека ми каже некој дали динарот е пресилен, дали во Србија лошо се живее, дали Србија е угледна-посочила гувернерката.
Како што вели, поедини оспорувања на политичкото минато и сегашност не може да бидат пречка во рабоатата, со оглед на постигнатите резултати.