Како што пишува кинескиот портал ЦЏТН, Србија ќе биде ослободена од царина при извоз на автомобилски гуми, вино, навртки, генератори и електромотори, пренесува Нова економија. Договорот треба да стапи во сила пред јуни 2024 година, се вели во соопштението на Владата на Србија.
Се додава дека со Договорот ќе бидат опфатени 10.412 српски производи и 8.930 кинески производи. Инаку, Кина главно увезува телекомуникациска опрема во Србија, на која веќе нема да плаќа царина. Увозот на оваа опрема секоја година расте, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика. Увозот на телекомуникациска опрема од Кина во Србија од јануари до јули 2023 година изнесува 194,1 милиони евра. Ова е раст од речиси девет проценти во однос на истиот период лани.
Во текот на целата 2022 година Кина во Србија извезла телекомуникациска опрема во вредност од 333,8 милиони евра, а во текот на 2021 година 287,7 милиони евра. Иако извозот од Србија во Кина расте во последните години, како што често истакнуваат официјалните лица, најголем дел од овој извоз е бакар кој во Бор го ископува кинеската компанија Жиѓин. Во 2022 година, 90 отсто од извозот во Кина беа бакарни руди, пишува Каматица.